Начини на кои може да го вметнете лимонот во рутината за убавина и грижа за здравје
Лимонот е многу здрав за консумирање, но покрај освежителните пијалаци, можете да го користите на многу различни начини.
Можете да вметнете лимон во вашата рутина за разубавување или пак во грижата за вашето здравје.
Како да го користите лимонот за природна нега на кожа и третмани за убавина, благодарение на здравствените својства?
Природно отстранете ги брчките
Лимонот е полн со витамин Ц што помага при лачење на колаген и ја враќа еластичноста на кожата.
Исечете парче лимон и масирајте со него на брчките неколку минути, или користете рендана кора од лимон како маска за лице.
Пијте лимонова вода за слабеење
Витаминот Ц докажано го намалува нивото на стрес хормонот кој предизвикува глад и таложење на масти, а водата со лимон е еден од пијалаците кој нема да ви наштети колку и да испиете и всушност, ќе ви помогне во слабеењето.
Сок од лимон за детоксикација на црн дроб
- 1 цел лимон
- ½ шолја вода
- 1 лажица живо јајце
- 2-3 лажици путер од кокос или маслиново масло
- 1 капсула витамин Е
- Малку свеж ѓумбир
Измешајте ги состојките и блендирајте 1 минута, чувајте го пијалакот во фрижидер и испијте го во рок од еден ден – за најдобри резултати, половина испијте пред појадок.
Лимон за инфекции на грло
Витмаминот Ц и високото ниво на антиоксиданси го подобруваат имунитетот и имаат антибактериско својство.
Мед, топла вода и лимон е докажана комбинација за лечење на болно грло за релаксирање на мускулите и намалување на оток.
Лимон за подобра функција на мозокот и намалување на стрес
Покрај многуте други хранливи состојки, лимонот содржи и калиум, што е клучен елемент одговорен за функцијата на мозокот.
Па со редовно консумирање, ќе ја подобрите функцијата на мозокот и ќе се чувствувате поенергични во текот на денот.
Помага при изгореници од сонце
Измешајте 1 лажица сок од лимон, вода од роза и сок од краставица и потопете ткаенина во мешавината, па потоа директно ставете на изгореницата да стои 30 минути.
Така ќе го намалите црвенилото и ќе ја минимизирате штетата на кожата.
Помага за отстранување акни и темни делови на кожата
Измешајте свеж сок од лимон и кокосово масло и нанесете со памук на оштетените делови. По 3 минути исплакнете со топла вода и нанесете крема за навлажнување и омекнување.
М. М. | Црнобело