Ѕвезди чии јаболчици се најбарани кај пластичните хирурзи
Лондонскиот естетски хирург, Хулиан де Силва, откри кои се познатите жени што најмногу ги копираат припадничките на понежниот пол. Чии фотографии најчесто му ги покажуваат клиентките, кога ќе се најдат во неговата ординација?
После она за веѓите на славните дами, тој одлучил да спроведе уште едно истражување, земајќи ги предвид желбите на илјадници пациентки. Целта му била да дознае по чии образи најповеќе копнеат жените, кога ќе се одлучат за хируршки зафат на ликот.
Не е изненадување што голем дел од клиентките доаѓаат со фотки од своите идоли во ординацијата, сакајќи да наликуваат на омилената славна личност. А, повеќето од нив имаат исти фаворити.
Па, според бројот на пластични операции, Хулиан де Силва состави топ листа со најпопуларните на светско ниво.
Ова се десетте ѕвезди чии образи се најпосакувани од жените:
1. Кира Најтли
2. Кара Делевињ
3. Анџелина Џоли
4. Наоми Кемпбел
5. Натали Портман
6. Жизел Бундшен
7. Мишел Фајфер
8. Хали Бери
9. Камерон Дијаз
10. Скарлет Јохансон
М. А. | Црнобело