Грешки кои ги правите во негувањето на кожата, што предизвикуваат побрзо стареење

Понекогаш, за да ја направите кожата помазна и мека, изгледа како да треба да потрошите цело богатство и да направите секакви процедури.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-01.jpg

Но, не е секогаш така. Некогаш, дури и најскапите производи може да не ви помогнат, туку напротив, да ви направат поголем проблем.

Ова се грешките кои најчесто ги правите, а треба да ги заборавите ако сакате вашата кожа да биде здрава и свежа уште долго време:

1. Често користите пилинг за лице

Наместо пречесто да ставате пилинг, што може да му наштети на горниот слој кожа, користете производи за лице со киселини, кои нежно ќе ја исчистат нечистотијата и мртвите клетки. Пилингот користете го, но поретко.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-02.jpg

2. Користите крема против брчки и мислите дека тоа е доволно

За жал, ако веќе имате многу брчки, единствен начин да се ослободите од нив е со пластична хирургија. А, ако сакате тие да се појават што подоцна, тогаш редовно хидрирајте ја вашата кожа.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-03_copy.jpg

3. Ја гребете кожата со пешкир кога ја миете

По миење на лицето, не треба силно да го бришете за побрзо да ја отстраните водата. Само нежно допрете и оставете да се впие. Користете посебен пешкир само за вас и само за лице.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-04.jpg

4. Спиете со пуштена коса

Во текот на денот, во косата се собираат нечистотии и прашина, а тоа може да ја оштети вашата кожа ако го допира лицето кога спиете.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-05.jpg

5. Не обрнувате внимание на навлаката за перница

На навлаката остануваат нечистотии, прашина, па дури и „мртва кожа“ и затоа мора да ја менувате почесто навлаката, а и да ја перете перницата барем еднаш во 6 месеци.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-06.jpg

6. Ги занемарувате маските од глина

Овие маски постојат за секаков вид кожа, а значително го подобруваат изгледот и ги чистат порите од нечистотија.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-07.jpg

7. Не внесувате доволно зеленчук и овошје

Природните состојки помагаат да добиете нежна и мека кожа со убав тен, благодарение на нивните својства.

  • Брокула – ги намалува отоците и црвенилото по сончање.
  • Домати и кајсии – ја штитат кожата од сонцето и помага за добивање малку боја.
  • Моркови и праски – редовно консумирање помага за потемна боја на тен.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-08.jpg

8. Ги маскирате проблемите наместо да ги решите

Ако често имате потреба да користите производи за покривање на недостатоци на лицето, тогаш посетете доктор за да ги елиминирате проблемите.

greshki-koi-gi-pravite-vo-neguvanjeto-na-kozhata-shto-predizvikuvaat-pobrzo-stareenje-09_copy.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg