RED CAT професионална револуционерна фарба која ја штити косата
RED CAT професионална револуционерна фарба која ја штити внатрешната и надворешната структура на косата и помага кај оштетена и третирана коса.
Фризерот е оној кој редовно се среќава со разни потреби на луѓето. Kако да се постигне посакувана боја? Да се задоволат љубителите на убава фризура, да се заштити пигментот на косата. Фризерот знае колку е важно клиентот да биде задоволен.
Воден од овие работи, реномираниот словенечки фризер (кој има завршено мајсторска школа за фризери, и кој се усовршувал во Лондон), еден од најпопуларните во својата земја Митја Тавчар, долго време истражуваше, заедно со своите технолози тестираше со цел да создаде производи за нега на косата, посебно фарби кои ќе ги задоволуваат специфичните потреби на клиентите. Ги создаде производите RED CAT кои се со посебна формула заснована на протеини добиени од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна реставрација на косата.
Професионалните RED CAT производи се достапни само во фризерските салони низ Македонија. Најчесто користени се фарбите, кои не го оштетуваат влакното на косата, се со “полна боја” и даваат убав и посакуван сјај на косата. Производите се дерматолошки тестирани и не содржат сулфати, формалдехиди и парабени. Имаат прилагодена цена и квалитет чиј резултат е забележлив по првото користење.
Колекцијата содржи различни нијанси кои се посакувани од потрошувачите. Посебно истакнати се фарбите Vertical за кои се смета дека се меѓу најбараните во фризерниците ширум светот, како и во голем број низ фризерниците во Македонија. RED PLEX на пример е револуционерен производ кој ја штити внатрешната и надворешната структура на косата и помага кај оштетена и третирана коса. Погоден е за следниве фризерски техники: фарбање, трајно виткање на косата, бланширање и полна реставрација на косата.
Побарајте RED CAT кај вашиот фризер!