Мокри очни капаци, црно моливче и силно руменило се новата мејк ап приказна за 2017-тата

Трендовите на шминкање за 2017-тата година се приказна која оди во два екстрема: или сосема малку шминка уметнички и вешто нанесена, или слоеви и слоеви светки и сјај. Во секој случај, има доволно опции и за едните и за другите, односно за секого по нешто.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-01.jpg

Па еве како ќе се шминкаме во оваа тековна година:

Црно моливче во внатрешниот долен дел на очите

Можеби се намачивте да го усовршите нанесувањето туш на очните капаци, но оваа година акцентот е насочен кон многу тенка минималистичка линија, која се нанесува во внатрешниот долен дел од очите. Практично, ова е тренд кој сите го обожувавме во средно училиште и оваа година повторно воскреснува. Во секој случај, дадете му мала пауза на тушот за очи, бидејќи моливот е секако многу полесен за нанесување.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-02.jpg

Мокри очни капаци

Ова е еден начин да заблескате кој не вклучува светки или хајлајтер. Побарајте специјализирани сјаеви за очните капаци или едноставно поминете со безбојни рол-он сјајчиња врз вашата омилена сенка и веќе сте подготвени.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-03.jpg

Шминка во стилот на ’80-тите години

Сина боја која потсетува на мразулци е во фокусот на вниманието, во комбинација со заводливо руменило во свежа боја. Кога ќе додадете и коса која сјае и има прилично многу волумен, вие сте веќе реинкарнација на диско кралиците од ’80-тите години.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-04.jpg

Силно руменило на образите

Нема повеќе ништо суптилно кога станува збор за руменилото на лицето. Исчистете ги четките и опремете се со мат и сјајни руменила кои се нанесуваат во два слоеви, бидејќи важно е истото да биде интензивно и забележано.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-05.jpg

Металик сенки

Фино суптилно нанесени на очните капаци, во златна, сребрена, бронзена или нијанса на розово злато. Можете дури да ги нанесете со прст и тапкање на сенката врз окото, која не мора да биде совршена, важно е само да биде металик и сјајна.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-06.jpg

Опуштен црвен кармин

Црвениот кармин никогаш не излегува од мода и секој кој ќе ви каже поинаку, ве лаже. Но, оваа година тој се нанесува малку поопуштено, на свежо и чисто лице, без многу слоеви пудра и руменила. Пополнете и обликувајте ги веѓите, нанесете тенок слок маскара и драматичен црвен кармин, и тоа е вистинската комбинација.

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-07.jpg

Светки засекогаш

Колку изгледа понесредено, толку посовршено делува. Светките сè уште се во центарот на вниманието, но наместо на горниот дел од очниот капак, слично како и црното моливче нанесете ги на долниот, непрецизно и природно. Доколку неколку паднат на образите или суптилно се размачкаат, не грижете се, во тоа е убавината на трендот. 

Mokri-ocni-kapaci-crno-molivce-i-silno-rumenilo-e-novata-mejk-ap-prikazna-za-2017-08.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg