Зошто градите не ви се совршено симетрични?

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-01.jpg

Градите на дамите се како снегулки. Ниту една од нив, не е иста.

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-1.jpg

Па, не треба да се чудите што дури ниту вашите две гради не се исти. Односно, што едната е поголема од другата.

„100 проценти од жените имаат асиметрија на градите“ - вели докторот Даниел Маман.

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-2.gif

Имаме различни гради, бидејќи никој не е совршено симетричен.

Ако се погледнете во огледало на пример, ќе забележите дека дури ниту цртите на лицето не ви се исти на едната и другата страна.

Асиметријата на градите може да варира од речиси незабележлива до разлика колку цел број за градник.

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-3.jpg

„Станува збор за нормален фетален развој кој резултира со тоа што едната града е секогаш поголема од другата“ - објаснува Маман.

Најчесто е резултат на различни количини на ткиво во градите, вели тој.

Но исто така, различната големина може да биде предизвикана и од други фактори како еластичност на кожата или нееднакво доење на детето со двете гради.

За жал, не можете да направите да исчезне асиметријата. Дури ниту вежбањето. Пекторалните мускули се наоѓаат под градите, па нивното зацврстување нема да направи никаква разлика.

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-4.gif

Во некои случаи, дури може да ви се разликуваат и брадавиците. Едната да биде поголема од другата, да биде потемна или посветла. Едната да биде испакната, а другата вдлабната...

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-5.gif

Но, колку и да се разликуваат, важно е да го прифатите тоа како нормална работа...

zoshto-gradite-ne-vi-se-sovrsheno-simetricni-8.gif

Извор

Би можело да ве интересира:

Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
Светските ѕвезди пред и откако ги променија веѓите (некои се непрепознатливи) Светските ѕвезди се доказ дека бојата и дебелината на веѓите навистина го менува...
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење? Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg