Фризурата која се очекува да ја одбележи 2017-та
Разбушавениот, брановиден лоб повеќе не е во мода. Фризурата која се очекува да ја одбележи 2017-та, по примерот на познатите, е „шег“ фризурата која често се поврзува со `70-ите и Мик Џегер.
Ваквиот тип на фризура, чии главни „адути“ се должина која не е ниту долга, ниту кратка и прамените се нерамномерни, почнаа да го носат славни личности како Клои Грејс Морец, Амбер Херд и Тејлор Свифт.
Практично, овој тип на фризура изгледа како потпораснат лоб. „Откако лобот ќе стане предлог, можете да направите неколку разни должини на прамени на косата и добивате „шег“ со совршена должина“ - вели фризерот на познатите, Грегори Расел.
Овој тип на фризура можете да го носите без разлика на должината, типот и текстурата на косата, но морате да внимавате на обликот на лицето.
Расел вели дека ако имате тесно лице, најдобро е да имате и шишки настрана од кои јасно ќе се гледаат цртите на вашето лице, а ако имате округло лице направете шишки кои делуваат како да се одвоени од остатокот од косата за да креираат илузија на послабо лице.
Н. Г. | Црнобело