Единствениот домашен третман за лице кој ќе го победи сувото студено време
Ниските температури нападнаа, а кожата на лицето е првата мета на која се отсликува суровото студено време.
Во овој период од годината кожата е особено подложна на пукање и оштетување, црвенило и лупење. Време е за едноставен домашен третман кој ќе ја ревитализира кожата, правејќи ја нежна, но истовремено затегната.
Маската истовремено го смирува црвенилото, а последниот чекор ја враќа потребната хидратација за свеж и здрав изглед.
За подготовка на маската потребно ви е:
- 1 белка од јајце
- ½ лажица маслиново масло
- 1 мала лажица сок од лимон
Измешајте ги сите состојки додека не добиете еднолична смеса. Нанесете ја на претходно добро исчистено лице и на вратот, размачкувајќи со прсти или со четка.
Оставете ја маската да делува 15-20 минути, додека не почувствувате затегнување, а потоа добро измијте го лицето со млака вода.
Белката од јајце ќе го затегне лицето и ситните брчки, сокот од лимон ќе се погрижи за исчезнување на црвенилото и дамките, а маслиновото масло ќе ја навлажни кожата.
Време е за последниот чекор. На добро измиеното лице нанесете слој чисто нерафинирано кокосово масло. Втријте го во кожата со нежни кружни движења и оставете да делува 10-тина минути.
Со памучни дискови или мека крпа впијте го вишокот кокосово масло. Кожата на лицето ќе биде мазна, чиста и сјајна како бебешка.
(О)Милена | Црнобело