Паметни трикови за разубавување со кои ќе изгледате прекрасно секој ден

Секоја девојка сака да изгледа совршено без оглед дали се работи за некоја свечена прилика или за секојдневно излегување со пријателите.

Trikovi-za-ubavina-so-koi-kje-izgledate-prekrasno-sekoj-den-01

Сепак честопати недостатокот од време знае да биде навистина одлучувачки за тоа дали ќе изгледате навистина убаво и средено или не.

Следните мали трикови ќе ви помогнат како најрационално да го искористите времето во полза на вашата убавина.

1. Додадете неколку капки есенцијално масло од цимет или пеперминт во балсамот за усни и тие веднаш ќе станат поисполнети и посјајни.

2. Кокосовото и маслиновото масло се одлични за отстранување на водоотпорната шминка.

Trikovi-za-ubavina-so-koi-kje-izgledate-prekrasno-sekoj-den-02

3. За визуелно подигнување на веѓите и очните капаци, нанесете хајлајтер над веѓите и размачкајте го кон челото.

4. За чиста и мазна кожа измешајте една лажица сода бикарбона во гелот за чистење лице. Нанесете на лицето, нежно масирајте неколку секунди и исплакнете. Повторете ја постапката 2-3 пати неделно.

5. Кога ќе забележите дека омилената маскара почнува да се суши додадете неколку капки солен раствор или ставете ја во жешка вода 5 минути (добро затворена).

6. Ако не можете да го отворите шишенцето со лак, ставете го да стои неколку минути во жешка вода.

7. Свиткајте ја косата и со ножичка пресечете ги сите распукани врвови кои стрчат. На овој начин ќе ја освежите косата без воопшто да одите во салон.

8. Испрскајте малку лак за коса на стара чиста четка од маскара и исчешлајте ги веѓите. Ќе забележите дека воопшто нема да се изместат во текот на целиот ден.

9. Бебешката пудра е одличен начин за освежување на косата доколку немате време да ја измиете.

10. Нанесете малку крема за лице на врвовите на косата пред легнување и следниот ден тие ќе бидат нежни и меки.

11. Загрејте го извиткувачот на трепки со фен, за да добиете совршени трепки.

Trikovi-za-ubavina-so-koi-kje-izgledate-prekrasno-sekoj-den-03

12. Нанесете вазелин или течно бело лепило (кое лесно се лупи) на прстите за кога се лакирате полесно да го отстраните вишокот лак на прстите.

13. Нанесете малку вазелин на местата каде прскате парфем за тој да трае подолго.

14. Натопете памук во капки за очи и оставете го 20 минути во фрижидер. Нанесете го на местата каде имате мозолчиња цврсто притискајќи неколку минути. За кратко црвенилото ќе се повлече и мозолчето ќе стане незабележливо.

15. Растворете 2 апчиња Аспирин, 1 капсула витамин А, 1 лажица морска сол и малку растително масло во 200 ml вода. Ставете ги рацете во садот до добиената смеса околу 10 минути а потоа избришете ги со хартиено марамче.

Trikovi-za-ubavina-so-koi-kje-izgledate-prekrasno-sekoj-den-01

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg