Лековита зимска маска за коса од квасец
Квасецот содржи Б витамини и корисни минерали како калциум, магнезиум, калиум, фосфор, цинк, бакар и манган, што го прави идеален за внатрешна и надворешна нега на телото.
Конкретно негата на косата со квасец резултира со побрз раст, подобра цврстина и отпорност.
Маската од квасец го спречува пукањето на влакната и значително ги омекнува.
Се прави многу едноставно - парче квасец оставате на отстои во малку топла вода и го нанесувате на косата. Маската треба да делува околу 30 минути пред да ја исплакнете со топла вода.
За косата која е склона на опаѓање може да додадете малку масло од рицинус.
Маската може да се користи и за нега на ноктите и кожата.
М. Д. | Црнобело