Козметика која секоја жена треба да ја има при рака додека е на работа
Секој воркохолик ќе ви каже дека работното место е неговиот втор дом. А, во некои поекстремни случаи, дури и прв.
Ако по некоја случајност и вие спаѓате во оваа група, тогаш треба да имате на ум дека постојат неколку козметички производи кои секогаш треба да ги имате покрај себе во „вториот дом“.
1. Влажни марамчиња за отстранување шминка
Тие ќе ви се најдат секогаш кога карминот нема да биде на своето место или маскарата ќе се размачка насекаде околу вашите очи.
2. Црвен кармин
Ништо не прави лицето да изгледа посвежо како што тоа го може црвениот кармин. Дополнително, создава ефект на побела насмевка и го одвлекува вниманието од темните кругови под очите.
3. Коректор
Можеби утрото нема да забележите никаква трага од мозолчиња, но тоа не значи дека тие не може да се појават во текот на денот. Токму затоа, коректорот е прва помош за сите проблеми со кожата.
4. Руменило
Слично како и црвениот кармин, и руменилото ќе го освежи вашиот лик, особено ако зад вас сте имале долга и непроспиена ноќ.
5. Камена пудра
Камената пудра ќе го измазни вашето лице и ќе сокрие сè што не ви се допаѓа на вашата кожа.
6. Спреј за хидратација
Студеното време и ладниот воздух дополнително го сушат вашето лице. За да го избегнете ова, користете спреј за негово хидрирање, кој ќе ѝ помогне на кожата да остане мека, нежна и хидрирана.
7. Суви марамчиња
Овие суви марамчиња ќе ја впијат маснотијата од вашето лице и со тоа ќе го сокриете сјајот на вашето чело и нос.
8. Турпија за нокти
Скршениот нокт е навистина голем проблем во женскиот свет, па токму затоа турпијата треба да биде неизоставен дел од вашиот козметички прибор.
9. Парфем
Мини пакувањата или парфемите во форма на рол-он се одлични бидејќи не зафаќаат премногу место и можете да ги сместите било каде.
10. Антибактериски гел
За да бидете сигурни дека не го загрозувате сопственото здравје, погрижете се овој гел да стане задолжителен дел од вашиот прибор на работното место.
М. С. | Црнобело