4 природни креми кои ги бришат брчките
Редовната нега на кожата и лицето е важно за добриот изглед, но уште поважен е и квалитетот на препаратите кои ги користите.
Бидејќи нема ништо поздраво од природното, ви нудиме 4 рецепти за креми кои може да ги направите сами за да ги испеглате брчките:
Крема со мед
- 1 белка од јајце
- 1 лажица мед
- 25 капки масло од бадем
Изматете ја белката во снег, додадете го медот и маслото. Мешајте. Користете на сува и чиста кожа, оставете 25 минути и исплакнете со топла вода.
Крема од морков и лимон
- 2 моркови со средна големина
- 1 лимон
- 3 лажички павлака
Измијте и излупете ги морковите и изблендирајте ги. Додадете го сокот од лимонот. Додадете ја и павлаката и добро промешајте. Кремата оставете ја на лицето околу 30 минути. Исплакнете со топла вода.
Крема од алое вера и краставица
- 2 големи листови алое
- 100g краставица
- Дестилирана вода
Отстранете ја пулпата од алое вера листовите и ставете ја во блендер. Додадете ја краставицата, мешајте и додадете малку вода додека не добиете кремаста смеса. Нанесете ја кремата на суво и чисто лице и преспијте со неа. Наутро измијте со вода.
Крема на база на маслиново масло
- 3 лажички маслиново масло
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка путер од какао
Измешајте ги сите состојки во еден стаклен сад додека целосно не се растопат и соединат. Загрејте доколку има потреба. Нанесете ја кремата навечер и оставете да делува 20-25 минути. Измијте со топла вода и добро пребришете го лицето.
Овие третмани се препорачуваат на лица постари од 25 години кои немаат масна кожа.
М. Д. | Црнобело