Домашен пилинг од сол и шеќер за да се ослободите од стриите и целулитот
Пилингот е козметичко средство во чија основа се наоѓаат абразивни елементи.
Пилингот главно се користи за отстранување на нечистотиите и мртвите клетки од кожата, по што таа станува мека и нежна.
Покрај тоа, пилингот помага за подобра циркулација на кожата и за подмладување на клетките.
Домашните пилинзи се одличен начин како на сосема здрав начин да се ослободите од целулитот и стриите, проблем со кој се соочуваат голем број жени низ светот.
Овој домашен пилинг од шеќер и сол е одличен доколку и вие го имате истиот проблем.
Состојки:
- 200 g сол
- 200 g шеќер
- 150-200 ml палмино масло (може да се замени и со маслиново, кокосово или кое било друго растително масло)
Пожелно е да користите морска сол, бидејќи е збогатена со јод и микролементи, кои придонесуваат за обнова на кожата.
Измешајте ги шеќерот, солта и маслото за да добиете густа смеса.
Користете го пилингот за време на туширање, втривајќи го на проблематичните места на кожата со кружни движење, околу 2-3 минути. Потоа исплакнете со топла вода.
По оваа постапка, на телото се нанесува хидратантна крема или лосион.
Со редовно користење на овој пилинг, за само еден месец ќе забележите дека стриите и целулитот стануваат сè понезабележливи. Секако, продолжете со третманот сè додека не ги добиете посакуваните резултати.
М. С. | Црнобело