17 совети за нега во зима
Секогаш сакаме да го извлечеме максимумот од себе и својата убавина, но во зима ни се чини како тоа да е невозможно.
За среќа, постојат 17 совети и трикови кои ако ги почитувате, ќе блеснете дури и кога надвор температурите се под нулата.
Нега на кожа:
Во зима користете производи на база на масла, наместо на вода. Маслото создава заштитен слој кој постојано ја хидрира кожата.
За да го спречите сушењето на кожата, купувајте козметика која содржи масло од авокадо, бадем или чајно дрво. Користете ги на дневна база.
Во зима пијте вода исто колку што пиете и во лето.
Не се бањајте со жешка вода, бидејќи претераната топлина штети на еластичноста на кожата.
Колку парадоксално и да звучи - користете креми со УВ фактори неколку пати на ден доколку сте надвор.
Не се препорачува да носите марама или шал залепен за устата и лицето. Влагата која ја создавате при дишењето во комбинација со студенилото може да доведе до смрзнување и пукање на кожата.
Но, ракавиците се задолжителни. Исто така задолжително правете млаки или ладни купки за рацете и мачкајте ги со креми богати со масла.
Нега на коса:
Не ја мијте со жешка вода, така ја правите покршлива.
Богатите масла за коса и регенераторите се задолжителни во овој период од годината.
Користете квалитетен шампон кој дополнително не го суши скалпот. Добри се шампоните со маслиново масло, масло од чајно дрво и рицинусово масло.
За здрава коса, јадете повеќе свежи салати, иако продуктите се ограничени.
Не излегувајте надвор без капа.
Шминка:
Наместо кармини и сјај за усна, користете балсами. Така ќе го спречите пукањето и лупењето на усните.
Одберете поинаква и потешка пудра од онаа која ја користите преку цела година. Нијансата задолжително да остане иста, но текстурата мора да е покремаста.
Не користете камена или пудра во прав. Таа дополнително ја суши кожата.
Одбирајте руменила во розова боја. Портокаловите тонови и исончаниот изглед се забранети во зима.
Маскарата нека биде водоотпорна, заради поголемата влажност на очите во зима.
М. Д. | Црнобело