11 трикови како секогаш да бидете професионално нашминкани
Шминкањето е секојдневна рутина на една жена, и иако секоја мисли дека не е можно да се згреши во нешто што го знае од тинејџерските денови, сепак професионалните шминкери може да ви откријат каде грешите.
11 посочувања на грешките и како да ги исправите, со цел да бидете нашминкани професионално и перфектно:
1. Бојата на пудрата
За идеално да го погодите тонот, нанесете неколку нијанси на линијата меѓу лицето и вратот.
2. Внимателно одбран бронзер
Портокаловите бронзери може да остават непријатни траги по лицето. Професионалните шминкери секогаш користат светло кафеави тонови, со лесна кремаста текстура.
3. Одберете облик на веѓи
Веѓите се важна дефиниција на ликот. Одберете мека форма, без остри закосувања, за никогаш да не погрешите. Бринетите треба да имаат 1-2 нијанси посветли веѓи од коса, а русокосите 1-2 нијанси потемни.
4. Зголемете ги очите
Црното моливче може и да ви помогне и да ви одмогне во оваа ситуација. Ако сакате ефект на пошироко отворени очи, нанесете го на горниот капак како туш за очи, наместо на внатрешноста од долниот капак.
5. Внимателно со тушот за очи
Линиите кои ги правите се најважни. Тука важи едно основно правило - следете ја линијата на окото и претерувајте со закосување или подигање. Цртајте ги очите отворени, не затворени.
6. Користете повеќе нијанси на сенки
Секогаш треба да комбинирате барем 2, за очите да не ви изгледаат аматерски нашминкани.
7. Доволен е еден слој маскара
Големата количина маскара ќе ви ги залепи трепките.
8. Нанесување руменило со мерка
Руменилото обично треба да даде свеж, розеникав тон на образите, не да ве претвори во барбика со розови образи. Нанесувајте малку, со кружни движења, само на јаболкниците.
9. Моливчето секогаш мора да се совпаѓа со карминот
Исцртувањето на усните со нијанса потемно моливче секогаш го расипува целокупниот изглед.
10. Ефективно криење на темните кругови под очите
За таа цел нанесете коректор на цел триаголник под окото, не само на подочниците.
11. Хајлајтер се нанесува само на внимателно одбрани делови
Образите не треба да ви светат. Хајлајтерот се нанесува само малку над руменилото и на внатрешниот агол од окото.
М. Д. | Црнобело