Девојка со екстремно темна кожа која била предмет за исмевање, сега ги освојува симпатиите
Коудија Диоп е 19-годишна девојка со неверојатно темен пигмент, заради кој во минатото била предмет за исмевање.
„Постојано ме задеваа додека растев, заради бојата на кожата. Па дури и денес луѓето коментираат, без оглед дали тоа е во лице или на социјалните мрежи,“ вели прекрасната тинејџерка која моментално се издигнува во светот на модата.
„Како што растев, сфаќав дека никој нема да ме сака ако јас не се сакам, и почнав да не им обрнувам внимание на негативните луѓе.“
Откако Коудија решила да се занимава со моделинг уште на 17 години, социјалните мрежи се преплавени со нејзините фантастични фотки.
На Инстаграм има над 235.000 следбеници и се обидува да им помогне на сите луѓе низ светот да научат да ги обожаваат своите различности.
„Ако си доволно среќен да бидеш различен, никогаш немој да се менуваш“ е нејзиното мото.
Не можеме, а да не се согласиме.
М. Д. | Црнобело