Постојат 4 трикови со кои ќе носите високи потпетици без болка

Повеќето дами обожаваат да носат високи потпетици, но истите, посебно ако пешачите долго, знаат да бидат многу болни.

postojat-4-trikovi-so-koi-kje-nosite-visoki-potpetici-bez-bolka-01.jpg

Баш заради тоа одлучуваме да пробаме неколку познати трикови кои за жал, ретко кога успеваат.

Но, што имаат да кажат за тоа докторите? Постои можност да носиме високи потпетици и да бидеме без болка?

Докторката Хилари Бренер која е хурург на одделението за Подијатрија во Њујорк дава 4 совети кои можат да помогнат:

1. Носете ортопедска поддршка

„Секогаш препорачувам носење на ортопедска поддршка која е специјално направена за високи потпетици“ - вели докторката.

Тие даваат поддршка не само на ногата, туку на целиот ‘рбетен столб и го апсорбираат шокот од контактот со земјата додека пешачите.

4-soveti-od-doktorite-edinstveniot-nacin-na-koj-potpeticite-mozat-da-bidat-udobni-1.jpg

2. Одбирајте штикли чии преден дел може благо да се превитка

Не купувајте чевли кои се премногу крути и не се превиткуваат кога се движите, но исто така, внимавајте и да не бидат премногу флексибилни.

4-soveti-od-doktorite-edinstveniot-nacin-na-koj-potpeticite-mozat-da-bidat-udobni-2.jpg

3. Одберете штикли со подебели потпетици

Ваквите штикли се секогаш поудобни, бидејќи телото се потпира на поголема површина од стапалата.

4-soveti-od-doktorite-edinstveniot-nacin-na-koj-potpeticite-mozat-da-bidat-udobni-3.jpg

4. Носете потпетици со платформа

Штиклите со платформа се поудобни, бидејќи разликата во висината на прстите и петата не е премногу голема. Ако разликата е од 10 до 15 сантиметри секако, дека одењето ќе ви биде поболно од тоа, ако разликата во висината на прстите и петата е 5 сантиметри.

4-soveti-od-doktorite-edinstveniot-nacin-na-koj-potpeticite-mozat-da-bidat-udobni-4.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg