Каде имате акни? Местото ја одредува причината за нивна појава
Акните се сурова реалност на животот со која се мачат многу тинејџери, но истите можат да се појават во секој момент од вашиот живот.
Во зависност од тоа каде се појавуваат, можете да откриете барем еден главен причинител за нивната појава и така можете да си помогнете да ги излечите или барем да ја намалите нивната појава.
На следната слика се прикажани зоните во кои се појавуваат и која е причината поради која се појавуваат:
Акни околу вилицата
Акните кои се појавуваат околу вилицата и вратот можат да бидат резултат на нарушување на балансот на хормони што може да се случи природно или од зголемена консумација на шеќери.
Акни на рамениците
Акните кои се појавуваат на рамениците, позади и напред, често се појавуваат зарад стрес, а состојбата се влошува кога сте нервозни.
Акни на грбот
Акните кои се појавуваат на целиот грб се знак на дисфункција на нервниот или системот за варење и најдобро е да се консултирате со дерматолог да ви помогне поточно да одредите дијагноза.
Акни на градите
Акните кои се појавуваат на вашите гради се должат на вашиот начин на исхрана и најдобро е да направите промени во истата и да откриете што ја предизвикува нивната појава.
Акни на лактите
Акните кои се појавуваат на лактите и на внатрешната страна можат да бидат резултат на насобирање на мртви клетки на кожата, слаба циркулација или недостаток на витамини.
Акни на стомакот
Акните на стомакот се ретки, но се знак дека нешто не е во ред со нивото на шеќер во крвта, а за тоа ќе ви биде потребна дополнителна консултација со доктор.
Акни на задникот
Овие акни можат да бидат резултат на лоша хигиена или пак, на иритација од облеката која ја носите.
Совет плус:
Дијагностицирањето на причината на акните е доста важна за да знаете како можете да ги излечите.
Исто така, важно е да ги знаете и фазите во кои се развиваат акните:
Н. Г. | Црнобело