До блескава насмевка за само две минути
Многу луѓе избегнуваат да се смеат срамејќи од пожолтените заби кои може да се појават како резултат на многу причини.
Главно се појавуваат кај пушачите, но цигарите не се секогаш главната причина за тоа. Жолти заби може да се појават и како резултат на преголема консумација на шеќер, кафе или црн чај.
Сепак и за овој проблем постои решение. И што е уште поважно решение кое не вклучува индустриски производи кои се полни со штетни хемиски супстанции.
Сè што ви е потребно е косоково масло и сода бикарбона. Покрај многуте други благодети кои ова масло ги има за нашето здравје тука е и неговата употреба како избелувач на забите.
Направете смеса од кокосово масло и сода бикарбона во сооднос 1:1 (да речеме 5 лажички кокосово масло и 5 лажички сода бикарбона), добро измешајте ја и ставете ја во тегла.
Сè што треба да наравите е да ја замените вашата паста за заби со оваа природна паста, а резултатите нема да изостанат.
М. С. | Црнобело