Диета со тиква: За две недели намалете 6 килограми
Оваа диета е погодна за есенскиот период со оглед на тоа дека во тоа време тиквата ја има во изобилство.
Диетата трае две недели и во тој период можете да ослабете од шест килограми до осум килограми. Со оваа диета не само што ќе ги намалите вишокот килограми туку и ќе го прочистите и подмладите телото.
Тиквата содржи протеини, масти, јаглехидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо, цинк), витамини од Б групата, Ц, Е, ПП, А и важните витамини К и Т, кои тешко се наоѓаат во другите видови на зеленчук.
Во диетата се вклучени и ужинки кои се состојат од незасладени овошја, чај или кафе без шеќер и минерална вода.
Прв ден
Појадок: тиква со моркови и сок од лимон, каша од тиква со додаток житарици (ориз, просо или овес)
Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид, мала количина компир, зелен лиснат зеленчук и растително масло).
Вечера: печена тиква
Втор ден
Појадок: салата од тиква, каша
Ручек: пасирана тиква, супа од зеленчук
Вечера: овошје по избор
Трет ден
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук (без компири)
Вечера: 2 парчиња тост и салата од тиква со ананас
Четврти ден
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и динстана слатка пиперка
Вечера: чорба од тиква, зеленчук и печурки
Од петтиот ден започнете одново со менито.
М. С. | Црнобело