8 лаги за козметиката кои ни ги кажуваат рекламите

Пакувањето и рекламата се најчестите фактори според кои одредуваме дали некој производ е квалитетен и сакаме да го користиме.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-01.jpg

Експертот за козметика Паула Бегун смета дека тоа е грешката број 1 која ја прави речиси секој човек.

Останатите 8 грешки, односно лаги кои ви ги продаваат рекламите за козметика, се следниве:

1. Колку што е попознат брендот, толку подобри се ефектите

Грешка, ефективноста се одредува од хемискиот состав. Без оглед на брендот или продавницата од кој производот е купен, тоа нема да ја промени ефективноста.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-02.jpg

2. Постојат креми кои го стопираат стареењето

За жал, таква работа не постои бидејќи никој не го знае рецептот за еликсир на младоста. Единствено нешто што ваквите креми и лосиони може да направат е чисто лице, флексибилна кожа и подобрување на пигментацијата.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-03.jpg

3. Кремите ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот

Ако ова беше вистина, моделите немаше да користат Фотошоп. Единствен начин на кој можете да го постигнете овој ефект е со напорни тренинзи и внатрешна нега на телото.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-04.jpg

4. Солариумот е здрав

Изложувањето на било какви зраци не може да е здраво. Ако сакате да добиете барем малку бронзен сјај, подобро е да користите креми и спрејови за таа цел.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-05.jpg

5. Органските производи се подобри од обичните

Органските производи се само метода за маркетинг.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-06.jpg

6. Постојат креми кои ќе ви ја измазнат кожата

За жал, не функционираат и кремите против стрии и темни кругови околу очите, на начин на кој вие го очекувате. Овие проблеми се решаваат со многу посериозни третмани и инјекции.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-07.jpg

7. Кремата за сончање е само за на плажа

Грешка, кремата со СПФ фактор ако ја користите секојдневно може да ве заштити од создавање на нови брчки, депигментација и губење на колагенот.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-08.jpg

8. Шампоните може да го спречат опаѓањето на косата

Без оглед на тоа што пишува на пакувањето, сите шампони имаат една функција - да ви ја исчистат косата. Толку. Ниту цената, ниту брендот нема да ви донесат дополнителен третман.

8-lagi-za-kozmetikata-koi-ni-gi-kazuvaat-reklamite-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg