14 правила за шминкањето, кои се митови
Денес, девојките знаат многу трикови за тоа како правилно да одберат козметика и да се нашминкаат.
Но сепак, не сите совети кои тие ги читаат се навистина од помош.
Погледнете ги најпознатите митови за шминката во кои сите слепо веруваат:
Мит бр. 1: Црвениот кармин не им стои на сите
Вистина: Тоа не е точно. Всушност, црвениот кармин им одговара на сите, но трикот е во тоа да ја одберете правилната нијанса.
Мит бр. 2: Маскарата може да ја користите додека не се исуши
Вистина: Рокот на траење на маскарата е 3 месеци од првата употреба.
Мит бр. 3: Ако ја вадите и ставате четката за нанесување маскара во тубата повеќе пати, ќе се ослободите од грутките
Вистина: На тој начин, во тубата влегува воздух, што го крати рокот на траење. Најдобро е да ја натопите четката во маскарата и нежно да ја свртите.
Мит бр. 4: Не мора да ја бришете шминката пред спиење
Вистина: Во текот на ноќта, нашата кожа станува посвежа и хидратантна. Ако ја оставите шминката цела ноќ, порите ќе се затворат, а тоа води до инфекции на кожата и дехидратација.
Мит бр. 5: Козметичките производи немаат рок на траење и можат да се користат додека не ги потрошите
Вистина: Повеќето козметички производи имаат рок на траење кој можете да го видите на пакувањето со посебен знак. Тој рок започнува да истекува од моментот кога ќе го отворите производот.
Мит бр. 6: Не мора да ги чистите четките за шминка, ако ги користите само вие
Вистина: Колку подолго го избегнувате чистењето на четките, толку повеќе бактерии се закачуваат на нивните влакна. Тоа не само што е лошо за кожата, туку и го намалува рокот на трање на самите четки.
Мит бр. 7: Козметичките производи не се расипуваат
Вистина: Ако не ја чувате шминката правилно, може да се расипе многу побрзо од истекувањето на рокот на траење.
Мит бр. 8: Водоотпорната маскара може да се користи секојдневно
Вистина: Доколку немате навистина потреба од неа, наш совет е да не ја користите водоотпорната маскара толку често, бидејќи со тешкото отстранување може да ги направите трепките послаби и кршливи.
Мит бр. 9: Кремата може да го замени прајмерот
Вистина: Прајмерот ја изедначува бојата на кожата, а пудрата што ќе ја нанесете над него, ќе стои многу подолго.
Мит бр. 10: Коректорот треба да се нанесе пред пудрата
Вистина: Напротив, препорачливо е прво да се нанесе пудрата, а потоа сите недостатоци да се покријат со коректорот.
Мит бр. 11: Бојата на веѓите треба да биде две нијанси потемна од бојата на косата
Вистина: Следете го ова правило само ако сте русокоса. Тие треба да избегнуваат темни веѓи.
Мит бр. 12: За да ги зголемите усните, треба да ги проширите контурните линии
Вистина: Овој начин на шминкање изгледа многу неприродно, па наместо тоа, може да нанесете светла сенка на врвот од горната усна, а во средината на долната усна ставете светол сјај.
Мит бр. 13: Темниот молив за очи ги истакнува очите
Вистина: Широките црни линии ги вдлабнуваат горните капаци и прават очите да изгледаат помали.
Мит бр. 14: Сина сенка за очи – остаток од минатото
Вистина: Сината сенка може да ја комбинирате со посветла беж сенка и црно моливче за очи – тоа ќе додаде шарм на вашиот изглед.
М. М. | Црнобело