Што треба да знаете за шминката за очи?

Еден од омилените ритуали на секоја жена е шминката. Кои нови продукти треба да се пробаат, каков е нивниот квалитет, колку чинат, се теми кои се муабетат на секое кафе со другарките.

sto-treba-da-znaete-za-sminkata-za-oci-1.jpg

Сепак, овој забавен начин на разубавување, може да биде и штетен за здравјето на очите.  Еве некои совети како правилно да ги користите шминките за очи.

Извадете ја шминката пред спиење.

Ова е нешто за кое секаде читаме, но вреди да се потсетиме. Колку и да сте уморни, не заборавајте да ја исчистите шминката од очите. Се препорачува да ги чистите со памук и со чистач кој содржи смирувачки и нежни состојки. Во користењето шминка посебно внимателни треба да бидете сите вие кои носите контактни леќи, бидејќи маскарите содржат влакна кои служат за да ги направат трепките погусти, а тие можат да паднат од трепките и да се залепат за контактните леќи и на тој начин да го иритираат окото бидејќи се полни со бактерии. Доколку ви се случи такво нешто, веднаш обратете се на офталмолог.


Проверете го рокот на траење

Според истражувањето направено од страна на College of Optometrists, повеќе од половина корисници на шминка, не проверуваат до кога маскарата има рок на траење, а 5% од нив признале дека воопшто не знаат дека на декоративната козметика го пишува тоа. Офталмолозите предупредуваат дека доколку користите шминки со поминат рок на траење, постои ризик да ви се појави црвенило, чешање, алергиски реакции и многу посериозни инфекции како оток на очните капаци. Најдобро е да ја менувате шминката на секои 3- 4  месеци.


Не користете туѓа шминка
.

Едноставно е, исто како што не позајмувате четка за заби од други, така не треба шминката за очи да ја делите со нив. Главната опасност од размена на шминка е пренесување на инфекција како вирусниот коњунктивитис, познат и како розево око, кој е всушност воспалување на белката и на внатрешниот дел од очните капаци. Коњуктивитисот може да биде манифестиран преку болка, печење, чешање на окото. Доколку дојде до тоа, задолжително одете на офталмолог. Ова посебно важи за сите оние кои користат контактни леќи бидејќи се повеќе подложни на инфекции, отколку оние кои не носат. Затоа, се’ повеќе се зголемува бројот на луѓето кои ја прават ласерската корекција на диоптрија, после која проблемите при шминкање кои сте ги имале додека сте носеле леќи- ќе исчезнат.


Внимавајте да не се повредите додека нанесувате шминка за очи.

Кога набрзина ја нанесувате шминката за очите, не пазите, па мало невнимание нанесувајќи ја маскарата, може да ја оштети површината на окото. Ова посебно важи за сите вас кои се шминкате во автомобил. Доколку парче од сенка ви влезе во окото може да предизвика црвенило, а ако го изгребате окото со моливче или четкичка, тоа може да се инфицира. И во тој случај, постои можност да се појави секрет, оток на очните капаци, воспаление на белката од окото, затоа внимавајтe.

За крај, иако шминката за очи претставува важен сегмент од секојдневието на многу жени, треба да сме претпазливи во нејзиното користење. Во случај да ви се појават несакани реакции, во очната клиника Систина Офталмологија ќе ви понудиме посебен третман, а доколку сакате вашата шминка да дојде до израз и да биде истакната, тогаш ласерската корекција на диоптрија е вистинското решение за вас со која ќе имате нов поглед на светот.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg