Експертите тврдат дека овие 10 навики прават да изгледате постаро

Дали луѓето често ви додаваат години на реалната возраст кога ќе ги прашате на колку личите?

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-1.jpg

Многу фактори влијаат на ваквиот одговор.

Со цел да ви помогнат, експертите составија листа на штетни навики кои ве прават постари:

1. Диети со ниска количина на масти

За да го спречите брчкањето на кожата, клучно е да консумирате омега 3 масни киселини. Во диетите во кои се избегнуваат масти, оваа компонента се избегнува.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-2.jpg

2. Пиење со цевки

Логично, брчкањето на усните доведува до трајно оштетување на нивните линии.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-3.jpg

3. Спиење на страна

Спиењето со лице притиснато на перница ви создава брчки. Експертите велат дека за да го сочувате младешкиот изглед најдобро е лицето да не ви ја допира перницата, односно да спиете на грб.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-4.jpg

4. Лошо држење на телото

Без разлика дали се работи за подгрбавено стоење или искривено седење, резултатот ќе бидат опуштени мускули и напнати коски. Во староста тоа може да доведе до благи деформитети.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-5.jpg

5. Користите крема со фактор само на одмор

УВ зрачењата се најлесен начин кожата да ви остаре порано отколку што треба. Затоа, дури и да има облаци, во топлите месеци нанесете слој заштитен фактор.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-6.jpg

6. Претерувате со топлење

Со тоа што претерувате со топлењето, во воздухот се губи влажноста, која и е потребна на кожата. Во отсуство на доволно влага, кожата се брчка и собира.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-7.jpg

7. Скратување на слатки десерти

Рутината предизвикува стрес, кој јасно се гледа на вашето лице. Ако на ова го додадете скратувањето на слатките задоволства, веројатно ќе се разбудите со повеќе брчки отколку што треба.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-8.jpg

8. Премногу телевизија

Експертите препорачуваат да станете на секој половина час и да прошетате.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-9.jpg

9. Премалку сон

Неспиењето, односно сонот пократок од 7 часа не само што ве прави да изгледате старо и изморено, туку и ви го скратува животот.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-10.jpg

10. Стрес предизвикан од лоша организација

Голем број на истражувања потврдуваат дека недостатокот на организација предизвикува стрес кој ги уништува клетките. Затоа, се во свое време. Не живејте по правилото на мрзливите - зошто да го направиш денес, ако можеш да го оставиш за утре.

ekspertite-tvrdat-deka-ovie-10-naviki-pravat-da-izgledate-postaro-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg