Контурирање на ноктите е најбрзиот начин да лажирате долги нокти
Откако се научивте да го контурирате лицето и по уште некој чуден дел од телото кој можеби не ви е најомилен, сега пристигнува контурирањето со помош на лак за нокти.
„Ова е нешто што го правев уште како мала. Кога бев тинејџерка и со пријателките ги лакиравме ноктите, краевите ги остававме необоени за плочките да ни изгледаат подолги,“ вели Џин Сун Чои, специјалист за маникир.
За да лажирате долги нокти ви треба само проѕирен лак како основа и темен лак кој нема да го нанесете на целиот нокт, туку само на средината.
Чои го примени овој трик на ревијата на Вера Ванг на Модната недела во Њујорк, па така сега е водечки тренд по салоните за убавина.
М. Д. | Црнобело