8 трикови како со помош на косата да изгледате 5 години помлади
При создавањето на целосната слика за една личност, огромна улога игра и нејзината коса.
Таа може да направи да изгледате многу помладо, но и многу постаро. Сето тоа зависи од вас и од начинот на кој се грижите за вашата фризура.
Следните 8 трикови ќе ви помогнат да дознаете како само со мали промени во вашата коса да изгледате барем 5 години помладо.
1. Променете ја фризурата
Скратете је косата и сменете ја досадната фризура која ја имате со години. Изберете фризура која на некој начин создава рамка околу лицето и вратот, со степенасти прамени и асиметрична должина.
2. Променете ја бојата на косата
Светлите бои подмладуваат – тоа е основното правило, но сепак важно е да одберете боја која ќе ви одговара на тенот. Не ја осветлувајте косата за повеќе од 2-3 нијанси од вашата природна боја и изберете тон кој ќе одговара на вашите очи или тенот.
3. Променете ја должината
Кратката коса се поврзува со активност и младост, па следете го ова правило ако сакате да изгледате помладо. Сепак, не одете во екстреми, бидејќи премногу кратката коса го истакнува овалното лице.
Најдобра опција е должина која се движи од брадата до средината на вратот.
4. Додадете волумен
Косата без волумен нè прави постари, па затоа обидете се да додадете волумен кој ќе изгледа природно и не премногу нападно. Косата во повеќе слоеви и локните се одличен начин да го постигнете овој изглед.
5. Шишки
Шишките даваат помлад изглед, ги кријат брчките на челото и ги истакнуваат очите. Најдобра опција – структурирани шишки со средна густина.
6. Патец
Патецот на средина визуелно додава години, правејќи да изгледате многу повозрасно. Благодарение на патецот настрана, закосените очи изгледаат поголеми и поизразени.
Исто така, можете да експериментирате со шишки фатени назад или цик-цак патец, што ќе ви даде дополнителен волумен.
7. Вообичаен изглед
Симетричната и залижана фризура лесно додава вишок години на вашиот изглед. Токму затоа, секогаш целете кон пократка и брановидна коса. Ако сепак сакате права коса, обидете се да создадете малку „бушава“ асиметрична фризура.
8. Свечена фризура
Свечената фризура исто како и таа за секојдневни пригоди не треба да биде премногу залижана и стегната. Направете фризура која ќе биде поблиску до вашата природна форма и изглед, додавајќи неколку ретро плетенки кои само ќе го дополнат модерниот изглед.
М. С. | Црнобело