10 трикови за убавина со кои животот на жените е полесен
Секоја жена се грижи за себе на различен начин, но сепак ги има истите проблеми.
Жолти нокти од често лакирање, налакирани кутикули, иритирана кожа после бричење, пребрзо кршење или сушење на шминките...
Звучи познато со сигурност, но она што не сте го знаеле дека и за секој од овие проблеми постои трик и решение:
1. Алтернатива за гелот за веѓи е лакот за коса. Напрскајте го на стара четкичка од римел и исчешлајте ги веѓите.
2. Избелувањето на ноктите е најлесно ако ги потопите во сок од лимон, ги замотате во памук и фолија и по 15 минути исплакнете.
3. Засушената маскара најдобро се враќа во употреба ако капнете неколку капки за очи, односно вештачки солзи.
4. Чистењето на пеглата за коса е најлесно ако измешате сода бикарбона и хидроген пероксид и со мешавината ја пребришете. Потоа избришете со чиста крпа и резултатите се видливи.
5. Нанесете сенка врз карминот за да добиете матиран изглед.
6. Совршениот маникир вклучува вазелин. Нанесете малку на кутикулите, па потоа лакирајте се. Само така нема да ги обоите цели прсти.
7. Камените производи многу потешко се кршат ако имаат парче памук во нив. Ова е посебно корисно ако често патувате или постојано ги носите шминките во чанта.
8. Тушот за очи во форма на моливче кој малку се засушил, треба само да го завртите од другата страна, како на сликата.
9. За кожата по бричењето да не биде иритирана, користете бебешко масло наместо пена за бричење.
10. За бебешки мека кожа на стапалата, потопете ги во купка од 2 шолји топла вода, 1 шолја оцет и 1 шолја течност за плакнење уста со свеж мирис.
М. Д. | Црнобело