Крупно прекршена коса во линија е новиот тренд кој освојува

Сакате едноставен, но модерен изглед на косата која ќе ја прикаже вашата нијанса и ќе заблеска во полн сјај?

Krupno-prekrshena-kosa-e-noviot-trend-koj-osvojuva-01.jpg

Најновиот тренд кога станува збор за косата го нуди токму тоа – суптилно прекршување кое поминува како линија низ целата должина на косата, во зависност од вашето расположение, поблиску до коренот или сосема долу кај врвовите.

За постигнување на овој изглед, косата треба да е мека (значи претходно третирана со маска или регенератор што ќе го спречи електрицитетот) и по можност да нанесете средство кое ќе ѝ даде многу сјај.

Виткањето, односно прекршувањето се прави со помош на пегла за коса.

Одберете поголем прамен коса, која претходно добро сте ја исчешлале и измазниле.

Фатете го праменот коса со пеглата на должината која ја посакувате и свиткајте ја за 180 степени нанадвор од вашето лице.

Пуштете го праменот лежерно и внимавајте виткањето на останатите делови коса да се поклопи со првиот, за да имате права отсечна линија.

Не употребувајте лак за коса, таа треба да биде лежерна и лелеава.

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-001.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-002.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-003.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-004.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-005.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-006.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-007.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-008.jpg

krupno-prekrshena-kosa-vo-linija-e-noviot-trend-koj-osvojuva-009.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg