7 работи кои треба да ги знаете пред да ја исфарбате косата црвена

Природно црвената „џинџер“ нијанса е најретката боја на коса во светот.

7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-ja-isfarbate-kosata-crvena-01.jpg

Црвенокосите се поврзуваат со многу епитети – магнетно привлечни, мистериозни и сензуални.

Црвените нијанси се резервирани за моќни и огнени дами кои со сигурност ќе предизвикаат внимание каде и да се појават.

Но, пред да станете црвенокоса, имајте ги предвид овие 7 важни работи:

1. Црвената коса е тешка и скапа за одржување

Доколку вашиот природен пигмент не е црвеникав, изборот на оваа боја за коса е вистински предизвик. Бидете подготвени за фактот дека ќе се фарбате многу почесто отколку вообичаено. Црвената боја има тенденција да „паѓа“ најбрзо од сите други бои за коса.

 2. Внимателно одберете ја својата црвена нијанса

Пред да се исфарбате, анализирајте ги сите црвени бои во каталогот.

Темните црвени тонови не одговараат на блед и бел тен, бидејќи може да направат да изгледате болно.

Од друга страна, оние огнено-бакарни црвени нијанси даваат прекрасен констраст на потемен тен.

3. Консултирајте се со професионален фризер

Ова особено важи за оние кои прв пат прават драматична промена со црвената боја за коса.

Фризерот најдобро ќе ве упати околу нијансата, видот на фарбата, соодносот при мешањето на истата, како и негата на косата по бојадисувањето за подолготрајна боја.

4. Црвената боја за коса секогаш излегува потемна на почетокот

Со секое шампонирање, дел од црвената боја се одмива многу брзо. Затоа, без грижи и нервози при почетното фарбање, многу брзо (по 2 или 3 миења на косата) ќе ја добиете посакуваната црвена нијанса.

5. Употребувајте соодветни препарати за коса

Воздржувајте се од пречесто миење на косата доколку сте црвенокоса, фарбата буквално ќе исчезне за 2 недели доколку ја миете секој ден.

Одберете соодветен шампон, регенератор и маска за боена коса или уште подобро – за црвенокоси.

7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-ja-isfarbate-kosata-crvena-02.jpg

6. Навикнете се на нередот во бањата

Најголем дел од црвените фарби при одмивањето пуштаат боја, па ништо чудно да завршите со црвена када или туш кабина. Имајте на ум дека треба да исчистите веднаш позади себе со соодветни детергенти.

За сушење на косата одберете постар пешкир, за кој нема да ви биде криво доколку се упропасти со црвените траги од фарбата.

7. Прилагодете ја температурата на водата

Топлата накај жешка вода предизвикува уште побрзо паѓање и одмивање на вашата црвена боја. Најдобро е косата да се мие со млака или поладна вода, доколку може да издржите.

Конечно, можеме да заклучиме дека црвенокосите имаат навистина тешка задача во одржување на омилената перфектна нијанса на косата.

Но, дали жртвите вредат за маката?

Дефинитивно ДА!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg