Тајните за разубавување на Ана Ивановиќ
За српската тенисерка Ана Ивановиќ, убавината значи да бидете минималисти или кратко кажано - што помалку, толку подобро.
На страна од ригорозните тренинзи за нејзиниот 12 U.S. Open, таа одвои време и да сподели со нас како се разубавува.
Кои се нејзините тајни за убавина?
Како ја чисти кожата после играње?
Наједноставно, користи обичен тоник за чистење на лицето, без пилинг или други типови на чистење.
Кога игра тенис, дали употребува парфем?
Да, бидејќи пријатните мириси, така секогаш ја потсетуваат на нешто убаво, посебно кога освоила некоја победа.
Како ја средува косата?
„Секогаш сакам косата да ми е сплетена во плетенка. Изгледа едноставно, а убаво.“ - вели таа.
Како ја штити косата од оштетувања?
„Ова ми е проблем број еден, бидејќи косата ми е густа и тешка, а имам навика секогаш да ја врзувам. Користам шампон и природни масла за да ми биде косата негувана и убава .“ - објаснува.
А, дезодоранс?
Вели дека употребува обичен дезодоранс, но не и ролер, бидејќи остава траги.
Н. Г. | Црнобело