Како да откриете дали козметиката која ја купувате е оригинал или копија?

Како што е случајот со многу производи, на пример, парфемите и чантите, така и козметиката може да биде лажна.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-01.jpg

Но, како можете да препознаете дали козметиката која ја купувате е копија или оригинал?

1. Прво, не купувајте козметика од продавница која нема реноме

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-02.jpg

2. Добро погледнете го дизајнот на пакување...

Ќе забележите дека не е исто како оригиналот кој претходно сте го купувале. Или ако првпат го купувате, посетете ја страната на брендот и погледнете добро како треба да изгледа пакувањето.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-03.jpg

3. Погледнете го бар кодот

Бар кодот на пакувањето мора да соодветствува со оној на самиот производ. Исто така, обично оригиналите имаат содржина објаснета и преведена на повеќе јазици.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-04.jpg

4. Проверете ги боите

Производителите кои сакаат да направат копија бараат начин како да ги променат боите или да дадат нивни нови имиња. Проверете на официјалната страна дали постојат тие бои.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-05.jpg

5. Текстурата и мирисот

На пример, маскарата ако е копија може да мириса многу поинаку, посилно и понепријатно од оригиналот. Кармините содржат грутки, а пудрите немаат рамномерна текстура.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-06.jpg

6. Четките може да се лажни

Четките кои доаѓаат со пакувањето, исто така, може да не се оригинални, а тоа лесно можете да го забележите по тоа колку детално и внимателно се изработени.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-07.jpg

7. Проверете на лице место

Побарајте тестер и забележете како се нанесува. Рамномерно и брзо? Тогаш е оригинал. Во спротивно, копијата нема да изгледа убаво на кожата.

kako-da-otkriete-dali-kozmetikata-koja-ja-kupuvate-e-original-ili-kopija-08.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg