7 трендови кои ја најавуваат есенската шминка за 2016-та
Намалувањето на температурите претставува одлична можност за нанесување на малку повеќе шминка на вашето лице.
7 трендови ја најавуваат есента и уште еднаш го потврдуваат правилото дека „Помалку е повеќе“.
Заборавете на контурирање, сенките кои се прелеваат во неколку нијанси и строгите очни линии.
Време е за природен изглед, за кој имате чувство дека е постигнат со многу малку труд.
Драматични, но пријатни, ова се седумте шминкерски трендови за кои дизајнерите дадоа зелено светло:
Црна кралица
Црните мат сенки се враќаат повторно во мода, но не се изоставени и оние со седефест и сјаен финиш. Црн туш за очи, црно моливче и веќе сте подготвени.
Модерен готик
Доволно е нагласување на очите или усните, никако двете истовремено. Сепак, во главната улога на модерната готска приказна се појавуваат раскошни кармини и сјаеви за усни во темно црвени, црни и пурпурни бои.
Ѕвездена бомба
Златни, корални, сребрени светки за очи, во облик на моливче, туш за очи или кремаста сенка се полн погодок за оваа сезона. Усните остануваат во неутрална варијанта, бидејќи акцентот е насочен кон ѕвездениот поглед.
Сјајна божица
Руменилото и бронзерот ја имаат главната улога. Остатокот од лицето треба да е мат и чисто, а јаболчниците да блескаат.
Поп арт
Изразете ја вашата креативност и желбата за силни бои преку поп арт шминката. Живи нијанси, различни графички дезени и текстури и безбројни можности за интерпретација за најхрабрите.
Природна праска
Софистицирано и романтично, природниот здрав изглед во боја на праска не е резервиран само за пролетниот или дневниот изглед. Шминката треба да изгледа како да се слева целосно во едно – ниту еден дел од лицето да не се истакнува повеќе од другиот.
Валкано црвена
Се чини дека црвениот кармин нема никогаш да излезе од мода. Оваа есен пронајдете ја својата омилена црвена нијанса и не се обидувајте да го нанесете карминот совршено, бидејќи треба да доловува малку размачкан, заматен изглед.
(О)Милена | Црнобело