9 совети за бела, холивудска насмевка

Многу луѓе сонуваат за здрави и убави заби, но само најхрабрите се подготвени да се осудат за хемиско белеење.

9-soveti-za-sovrsena-holivudska-nasmevka-01

За сите оние кои не сакаат хемиски да ги третираат забите, постојат неколку постапки кои можете самите да ги изведете дома, а кои нема да ја оштетат глеѓта на забите, ниту ќе предизвикаат каква било друга штета.

Имајте на ум дека овие совети не се замена за редовните посети на стоматолог.

Но, доколку секојдневно ги следите, ќе забележите дека вашите заби ќе станат посветли за неколку нијанси, а непцата ќе станат поздрави.

1. Домашна паста за белеење на заби

Измешајте една лажичка куркума со истата количина на чисто кокосово масло и 2-3 капки масло од нане. Употребувајте ја оваа смеса исто како обичната паста за заби. Таа е добра за глеѓта, ќе ги обели забите и ќе го освежи вашиот здив.

2. Масло од чајно дрво – Мелалеука

Доколку растворите 5 капки од 100% масло од чајно дрво во половина чаша вода и ја плакнете усната празнина со течноста секој ден по четкањето заби, ќе забележите резултати за само неколку недели.

За да постигнете уште поневеројатен ефект, мијте ги забите дополнително со една капка од маслото еднаш или два пати неделно (не повеќе).

3. Паста од јагода

Земете неколку свежи јагоди и изгмечете ги со лажица. Измешајте ги јагодите со најдобрата морска сол што можете да ја најдете, па добиената паста нанесете ја на четка за заби и нежно масирајте ги забите неколку минути.

Потоа темелно исплакнете ја устата. За да ја заштитите глеѓта на забите, не правете го ова почесто од еднаш на секои две недели.

4. Кокосово масло

Нанесете малку од маслото на забите пред да ги миете и оставете го да отстои 15-20 минути, а потоа темелно исчеткајте ги забите со паста. Повторувајте го ова 2 до 3 пати неделно.

5. Маска од јаглен

Истолчениот јаглен измешајте го со вода за да добиете кремаста смеса и потоа внимателно нанесете ја на забите. Оставете ја да отстои 2 минути и потоа внимателно исплакнете ја устата. Потоа, измијте ги забите. Повторете го ова еднаш или два пати неделно.

6. Белеење со лушпа од банана

Лушпата од банана содржи супстанции кои го разградуваат забниот камен и помагаат при одржувањето на совршената боја на забите. Истријте ги забите од двете страни со внатрешноста на лушпата и почекајте 5-7 минути.

Потоа измијте ги забите и исплакнете ја устата. Повторувајте го ова колку сакате.

7. Лимонот како средство за плакнење на устата

Лимонот ќе ви помогне вашите заби постепено да обелат, а вашиот здив секогаш ќе биде пријатен и свеж. Исцедете сок од еден и пол лимон и додадете 1 голема лажица ситна морска сол.

Потоа измешајте ги состојките и плакнете ја устата со растворот откако ќе ги измиете забите. Употребувајте го овој метод 2 или 3 пати неделно.

Предупредување: Не го употребувајте овој раствор доколку имате какво било воспаление на устата.

8. Ливчиња од босилек

Сомелете свежи ливчиња од босилек и направете паста која ќе ја користите наместо вашата обична паста за заби. На тој начин, вашите заби ќе станат побели и поздрави. Оваа паста можете да ја нанесувате и 5-10 минути пред вообичаеното миење заби. Потоа темелно исплакнете ја устата.

9. Алое вера

За да добиете вистинска холивудска насмевка, користете свеж сок од алое вера или купете природен гел направен од ова растение. Втријте го гелот на забите, масирајте ги со четката и потоа добро исплакнете.

Можете да го правите ова по секое миење на забите и по неколку недели вашата насмевка ќе биде блескаво бела.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg