Како изгледа совршената жена?
Да ве запознаеме со Кели Брук - модел, актерка и сопственик на најсовршеното тело. Токму така, според едно истражување направено на Универзитетот во Тексас, оваа дама го има совршеното тело.
Во истражувањето земени се предвид карактеристики како висина, тежина, должина на коса и облик на лицето, а се чини дека токму она тело заради кое многу девојки би рекле дека сакаат да намалат некој килограм, всушност е идеалот.
Научниците велат дека според сите тие карактеристики, Кели Брук е комплетно природна и научно совршена.
Кели никогаш не направила пластична операција и изгледа неверојатно, но и покрај ова, таа тврди дека многу често била исмевана од модните агенции заради нејзината тежина.
Н. Г. | Црнобело