Тајното оружје за негувани и привлечни усни

Сите ги знаеме корисните придобивки за здравјето од секојденевното консумирање зелен чај. Но, дали сте знаеле дека тој исто така е многу корисен и за нега на усните?

Tajno-oruzje-za-neguvani-i-privlecni-usni-01.jpg

Сега веќе не мора да ги фрлате кесичките зелен чај, туку можете да ги искористите за третман на сувите и испукани усни.

Сувите и испукани усни се знак на недоволна хидратација па токму затоа кесичките од зелен чај може да ви бидат од голема корист.

Tajno-oruzje-za-neguvani-i-privlecni-usni-02

Почекајте кесичката зелен чај малку да се излади и благо тријте ги усните со неа околу пет минути, секоја вечер пред да си легнете.

За кратко време ќе забележите дека нема никаква трага од испуканост на вашите усни, а тие се меки и хидрирани.

Покрај здравствените придобивки за организмот уште една важна корисна придобивка од овој чај е што тој го забавува стареењето на организмот и подолго време ја одржува виталноста. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За бакнежи со вкус на чоколадо - Направете сами домашен сјај за усни Ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите са...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Омбре усни, фризури во стилот на '90-те: Совети за матурска шминка и фризура од Даниел Николовски „Кај шминката доминираат омбре усни. Со моливче се исцртуваат контурите на устат...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Полни усни, заводлив поглед: Кои се најубавите латино жени во светот во 2024? Од Шакира, преку Салма Хајек, до Ева Лонгорија - кои се 20-те најубавите латино ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg