Шминкерот на Ким Кардашијан ни открива генијален трик со коректорот за очи
Повеќето од нас немаат време секој ден да поминуваат долги часови во шминкање и подготвување пред да излезат од дома, посебно не за да одат на работа дотерани.
Па, црногорскиот шминкер на Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ реши со една фотка да ни открие мала тајна со која ќе скратиме на време.
Инстаграм гуруто откри дека за очите секојпат да изгледаат беспрекорни доволно е само да употребите коректор на горните капаци.
„За овој изглед искористив кремаст коректор во потемна нијанса наместо сенка и само додадов сјај на очите“ - напишал на фотографијата.
Едноставно, брзо, практично - одлична идеја за секојдневното шминкање.
Се согласувате?
Н. Г. | Црнобело