9 Бон-тон правила кои ги почитуваат вистинските дами
Често зборуваме и ги критикуваме мажите за нивното однесување и за тоа како веќе одамна постапките и гестовите кои ги одликувале вистинските џентлемени се сосема ретки.
Во никој случај не треба да заборавите дека за да имате џентлемен до вас и вие треба да имате однесување на вистинска дама.
Ова се работите кои треба да ги применувате доколку сакате да оставите впечаток на културна и отмена жена:
1. Тетоважите се нешто кое во никој случај не треба да биде видливо. Тие се една интимна работа која има посебно значење само за вас, па токму затоа треба да биде скриена од туѓите погледи.
2. „Благодарам“ и „те молам“ се волшебните зборови кои вистинските дами многу често ги користат при изразувањето.
3. Палењето цигара на улица е нешто кое никогаш нема да го видите кога се во прашање овие жени.
4. Пристојната облека е она што секогаш ќе направи да изгледате префинето и посебно во секоја прилика.
5. Вистинските дами никогаш нема да ги слушнете како прават сцени и се караат пред сите. Тие знаат дека проблемите се решаваат со мирен разговор, а не со повишување на тонот.
6. Навредливите зборови и пцовките се нешто кое не постои во нивниот речник.
7. Вистинските дами секогаш мирисаат убаво. Никогаш премногу нападно или претерано, туку секогаш убаво и опојно.
8. Имаат гордо држење, бидејќи високо крената глава и исправени рамена се одлика на достоинство.
9. Никогаш не носат премногу накит. Суптилни обетки, елегантен рачен часовник и внимателно избрано ланче се она кое совршено го надополнува нивниот изглед.
М. С. | Црнобело