Едноставен трик - Како да се ослободите од жолтилото на ноктите?
Темен лак за нокти. Црвен лак за нокти. Наливни нокти. Куркума... Цигари... Постојат многу работи кои можат да ви ги пожолтат ноктите.
За среќа, постои едноставен трик со кој само за неколку минути можете да се ослободите од жолтилото на ноктите.
Што ви треба?
- Паста за заби
- Четка за нокти или за заби
Што треба да направите?
Нанесете мала количина на паста за заби на секој нокт, посебно на местата каде се најжолти ноктите. Оставете ја пастата неколку минути, а потоа нежно тријте ја со четка. Откако ќе завршите со триењето, добро измијте ги ноктите со вода и повторете ја постапката ако е потребно.
Зошто делува?
Активните состојки од пастата за заби ќе помогнат наслагите на ноктите да исчезнат исто онака како што помагаат и при избелувањето на забите.
Н. Г. | Црнобело