Паста за заби против акни: 8 трикови за убавина од Адријана Лима

35-годишната Адриана Лима моментално е во Лос Анџелес за нејзината најнова кампања за „Marc Jacobs Divine Decadence“, а за таа цел открива дел од нејзините начини на разубавување.

8-trikovi-za-ubavina-od-adrijana-lima-01.jpg

8 трикови за убавина според бразилската убавица, Адриана Лима:

1. Нејзиниот пристап кон грижата за кожата

„Се будам и ставам крема за сончање, а потоа одам на работа“ - вели Лима.

Инаку, вообичаено за нејзиното лице се грижи посебен шминкер кој сам ги подготвува кремите и лосионите специјално за нејзиниот тип на кожа.

 

A photo posted by Adriana Lima (@adrianalima) on

2. Како лечи акни преку ноќ?

Таа вели дека употребува стара бразилска техника - преку ноќ става обична паста за заби за да се исуши акната.

3. Како се разубавува?

Таа вели дека сака издолжени веѓи. Кога е на топло не става ништо друго освен маскара и лабело, а за излегување обожава да користи црвен кармин.

 

A photo posted by Adriana Lima (@adrianalima) on

4. За поубава коса:

Во Бразил, таа вели дека многу се употребуваат маски за коса кои најчесто се оставаат преку ноќ, а потоа наутро ги измиваат.

5. Вежбите

Адријана Лима обожава бокс. Таа вели дека за секоја девојка е добро да практикува некаков спорт. Неа омилени и се боксот, а кога патува, трча.

 

A photo posted by Adriana Lima (@adrianalima) on

6. Како да останете мотивирани?

„Секогаш се мотивирам да вежбам бидејќи мислам на резултатите и знам како се чувствувам после тоа. Имам деца и патувам многу, па навистина морам сериозно да се грижам за своето тело. Јадам здраво, а понекогаш и знам да се опуштам. Сè е во балансот“ - објаснува Лима.

7. Нејзината совршена селфи поза

„Обично сакам да се сликам одозгора. Не знам зошто.“ - вели.

 

A photo posted by Adriana Lima (@adrianalima) on

8. Нејзиниот „направи сам“ ритуал за разубавување

Сакам да го мешам балсамот за коса со авокадо и еднаш неделно да ја употребувам оваа мешавина.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg