Домашен третман за згуснување на веѓите
Убавите и густи веѓи се украс на сечие женско лице. Но, не сите се наградени со густи веѓи или пак истите со тек на време стануваат поретки од неквалитетната шминка и нега.
За да ја обновите регенерацијата на влакната доволен ви е еден домашен третман. Без скапи состојки и болни процедури.
Потребно ви е:
- Маслиново масло
- Парче лимон
Подготовка:
Ставете го парчето лимон во шолја и додадете 4-5 супени лажици маслиново масло. Покријте со чинија и оставете да отостои 5 дена.
Со добиената течност, секоја вечер премачкувајте ги веѓите.
Најдобро е да не го миете средството и да го оставите да делува во текот на ноќта. Постапката повторувајте ја 3-4 недели.
Првите резултати ќе ги забележите по само 10-тина дена.
M. Д. | Црнобело