Шишки во лето? После овие фотки ќе кажете да

Летото носи рој радости, но и главоболки, а една од поголемите е косата. Сончевите зраци ја пресушуваат, хлорот и морската сол ја оштетуваат и понекогаш е навистина тешко да имаме добар ден кога станува збор за најубавиот женски украс.

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-01_copy.jpg

Додека некои спасот го гледаат во врзување на косата во коњско опавче или голема пунџа, голем дел не се откажува од омилениот додаток – шишките.

За некои девојки тие се заштитен знак, а високите температури не се никаква причина за обесхрабрување и беспрекорно стилизирање на шишките.

Овие три мали совети ќе ви помогнат да ги „држите“ во совршен ред:

Секогаш имајте при рака сув шампон

Да, шишките имаат тенденција да се мрсат многу побрзо од останатиот дел од косата, а „лекот“ за ова е шампон за суво миење. Напрскајте мала количина од шампонот, почекајте да се впие во косата и поминете лежерно со четката за фенирање низ нив.

Косата нема да е премногу сјајна, бидејќи сувиот шампон го впива целиот мрсен слој, меѓутоа ќе изгледаат чисто и средено.

Секогаш сушете ги прво шишките

Останатиот дел од косата може да се исуши на природен начин доколку не ви е дојдено до фенот, но шишките не може да ги запоставите, што значи дека тие се сушат веднаш, со цел да не се извиткаат.

Доколку прво сакате да се нашминкате, соберете ги со шнола, а ако се подзасушиле, едноставно испрскајте ги повторно со вода, бидејќи кога се водени се обликуваат побрзо и полесно. А, кога сме веќе кај шминката...

Секогаш ставајте помалку шминка на челото

Помалку крем, помалку пудра. Колку помалку шминка на челото, толку помали се шансите шишките да се измрсат и да дојдат во допир со неа. Малку фиксатор на челото дополнително ќе го спречи потењето и разлевањето, а тоа значи дека шишките ќе останат во совршен ред.

Овие девојки го совладале предизвикот шишки во лето. И мора да признаеме дека изгледаат прекрасно...

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-02.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-03.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-04.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-05.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-06.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-07.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-08.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-09.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-10.jpg

Shiski-vo-leto-posle-ovie-fotki-ke-kazete-da-12.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg