7 совети како побрзо да израснете сјајна и густа коса
Жените трошат многу време и пари и подготвени се да пробаат секакви чуда, само за да имаат сјајна и густа, долга коса.
Многу шампони, регенератори, маски и капки ветуваат кадифено мека коса, но она што треба да го правите за да ја добиете, не се крие во хемикалиите.
7 природни начини како да израснете коса која ќе ви стане заштитен знак:
1. Здравјето на косата зависи од избаланасираната исхрана. Внесувајте високи количини на протеини. Лиснатиот зеленчук, гравот, сирењето, рибата, морските плодови и белото месо се одличен избор.
2. Масирајте ја кожата на главата со кокосово масло. Така ја подобрувате циркулацијата, а скалпот ќе биде здрав. Бидејќи маслото содржи многу витамини и хранливи материи и е природен регенератор за коса, влакната ќе бидат многу поцврсти и поздрави.
3. Не ја четкајте косата често. Најголема заблуда е дека постојаното чешлање е корисно. Посебно ако тоа го правите додека влакната се мокри, само си ја уништувате косата. Не треба да се чешлате повеќе од 5-10 минути во текот на целиот ден.
4. Променете ги перниците на кои спиете. Перниците од пердуви заменете ги со сатенски или свилени. Така го избегнувате триењето на косата од подлогата и го намалувате оштетувањето.
5. Користете природни маски наместо купечки. Доволно е еднаш во неделата да потрошите 10 минути време и да подготвите некоја природна маска од храната која веќе ја имате дома.
6. Кога надвор е топло или многу студено, носете капи и шешири. Ќе се изненадите колку косата ќе биде поздрава ако ја заштитите од сонце, ветар и прашини.
7. Не ја мотајте косата во пешкир после бањање. Знаеме дека така е најлесно и најудобно, но ако ја извиткате косата додека е мокра, таа станува склона на кршење и пукање. Доволни се само неколку благи движења со пешкирот за да ја отстраните вишокот вода.
М. Д. | Црнобело