Бизарен тренд директно од модните писти: Шминка за уши (фото)
Новиот „луд“ тренд кој доаѓа од модните писти е шминката за уши. Но, овој тренд не е баш најнов.
Уште во 2014-та, на Париската модна недела дизајнерот Антонио Вакарело ги испрати своите манекенки по пистата со графички исцртани школки кои беа нацртани со помош на течен црн туш. Шминкерот Том Пешо објаснува дека сакал да постигне квази изглед на накит.
Авангардна и футиристичка, оваа шминка се базира на привремени тетоважи од дизајн кој изгледа како накит. Црната и златната се најпрепорачливи, бидејќи се најинтересни и највпечатливи.
Ако се одлучите да бидете толку храбри, тогаш погледнете неколку фотографии за инспирација:
С. С. | Црнобело