Eucerin AQUAporin ACTIVE - Кожата се зацврстува, се одржува нејзината еластичност и се израмнуваат ситните брчки

Доколку имате дехидрирана и чувствителна кожа, и сакате брзо да обезбедите интензивна хидратација тогаш новата Eucerin AQUAporin ACTIVE е вистинскиот избор.

eucerin-aquaporin-active-kzoata-se-zacvrstuva-se-odrzuva-nejzinata-elasticnos-i-se-izramnuvaat-sitnite-brcki-1.jpg

Овозможува интензивна хидратација во длабочина, ја смирува чувствителната кожа и ја прави мека и нежна. Кожата брзо ја апсорбира, претставува одлична основа за шминка, а клиничките и дерматолошките проучувања докажуваат одлична ефикасност и подносливост од чувствителната кожа. Не содржи додатоци за мирис и е без парабени, а најдобро е да се нанесува на чиста кожа на лицето наутро и навечер, избегнувајќи ја зоната околу очите.

Дехидрираната кожа изгледа без сјај, дава чувство на затегнатост и не е во можност да се заштити од надворешни надразнувачи, и како резултат на тоа таа станува чувствителна. Интензивната и долготрајната хидратација е неопходна за да се одржи природниот и  убавиот изглед на кожата.

Eucerin AQUAporin ACTIVE  за нормална до комбинирана кожа е освежителен навлажнувач за лицето, кој го подобрува  системот за хидратација на кожата правејќи ја еластична, мазна и блескава. Овозможува интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржи активната состојка глуко-глицерол  која го стимулира производството на аквапорини во кожата, водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во кожните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата. Биохемиските процеси започнуваат длабоко во кожните клетки што е гаранција за идеална хидратација. Еуцерин AQUAporin ACTIVE е магичниот клуч за оптимална хидратација на кожата-долготрајно и длабоко.       

 eucerin-aquaporin-active-kzoata-se-zacvrstuva-se-odrzuva-nejzinata-elasticnos-i-se-izramnuvaat-sitnite-brcki-2.jpg


Eucerin AQUAporin ACTIVE – ефекти

Во ин-витро и ин-виво клинички и дерматолошки тестирања направени во септември 2014 година, каде беа вклучени 365 испитаници, жени на возраст од 20-45 години, се испитуваше ефикасноста на производите и влијанието врз осетливата кожа.

  • Кај 98% од испитаниците брзо се забележани подобрувања во нивото на хидратација како и интензивна хидратација на кожата до 24 часа кај луѓето кои ги употребиле овие производи.
  • Подобрена хидратација е овозможена дури и три дена по престанокот на користење на овој производ, каде 89% одговориле дека чувствуваат дека нивната кожа е помека и нежна
  • 97% од испитаниците одговориле дека производот е соодветен за осетлива кожа
  • по една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.

За откривањето на значењето на аквапорините во 2003 година американскиот молекуларен биолог Питер Агре доби нобелова награда за хемија, истакнувајќи дека колку повеќе има аквапорини во кожата толку поефикасна е хидратацијата. Како резултат на оваа иновација, инспирирани од откритието на Aquaporine експертите од истражувачкиот центар на Еуцерин пред неколку години ја создадоа серијата на иновативни производи AQUAporin ACTIVE, кои сега се во нова амбалажа и со подобрена функција.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg