6 состојки + 3 комбинации = Млада, затегната и убава кожа на лице
Природните средства се најдобри борци против брчките, акните и сите останати проблеми кои прават кожата на лицето да ви изгледа стара, нездрава, опуштена...
Комбинацијата од 6 моќни состојки, може секојдневно да ви помага да изгледате како воопшто да не стареете.
Наместо скапи креми и хемикалии:
1. Цимет
Благиот, а сепак малку лут вкус на циметот, го прави еден од нашите омилени зачини, но освен во кафето, можете да го употребувате и за разубавување. Може да ви помогне, ако го ставате во маски за лице, да се ослободите од акните, ја чисти кожата, а може да ви помогне и усните да ви изгледаат поголеми.
2. Мед
Минералните супстанци кои се наоѓаат во медот ѝ помагаат на кожата така што ги обновува клетките и прави да изгледате помлади. Ако го употребувате редовно, може да ви помогне во превенцијата на брчки.
3. Маслиново масло
Една од најефикасните алатки кои ја одржуваат кожата млада, е маслиновото масло. Не предизвикува алергии, а само една капка е доволна за спречување на појава на брчки, ја хидрира кожата и прави кожата да изгледа свиленкаста.
4. Домати
Парчињата домати прават чуда со сувата кожа. По само 20 минути можат да ви помогнат, кожата да ви изгледа како да сте помлади, ја хидрира и ви помага да се ослободите од воспалителните процеси на лицето.
5. Лимон
Лимонот е одлична алатка за избелување, чистење на акни и ослободување од дамките на кожата. Ја прави кожата тонирана, мека и мазна, општо кажано, здрава.
6. Компири
Извор на младост - ги елиминира линиите и брчките на кожата, ја затегнува и израмнува кожата... Доволно е само 15 минути да ставате свеж за да имате помладо и поубаво лице.
Н. Г. | Црнобело