Единствен ROSAL Lip Balm Magic Pink – црн балсам за розови усни!

Целосниот интензитет и нијансата на розова боја се видливи за околу 5 мин. За индивидуализиран изглед, бидејќи долготрајната нијанса на боја зависи од pH на кожата на усните.

edinstven-rosal-lip-balm-magic-pink-crn-balsam-za-rozovi-usni-1.jpg

Загреб, мај 2016. – ROSAL, водечката хрватска марка за нега на усни, претстави уште една иновација на пазарот. За да се чувствувате убаво, елегантно и во тренд, тука е единствениот Rosal lip balm Magic Pink кој ја менува бојата како камелеон – за прв пат на пазарот, црн балсам за усни кој остава магична розова трага на усните!

RLB Magic Pink содржи специјален пигмент кој во зависност од pH на кожата на усните се претвора во совршена нијанса на розова боја, овозможувајќи им на усните индивидуализирана нијанса!  Затоа, секому дава различна боја на усните, од светла розова до темна, во зависност од количината на нанесениот балсам и личниот pH фактор на кожата.

Rosal Lip Balm Magic Pink има форма на кармин, односно закосеност за лесно и прецизно нанесување. Интересно е што пигментот на розовата боја го достигнува својот вистински интензитет неколку минути по нанесувањето, така што крајната јачина и нијансата на боите се видливи после околу 5 минути од нанесувањето (бојата се зголемува низ тие неколку минути!). А заводливата боја на усните е постојана и долго трае...

edinstven-rosal-lip-balm-magic-pink-crn-balsam-za-rozovi-usni-2.jpg

Како и останатите Rosal балсами за усни, и RLB Magic Pink ефикасно ја одржува природната влажност на усните и го спречува нивното сушење. Содржи антиоксиданс витамин Е кој ги штити усните од штетното влијание на слободните радикали и ги негува усните, давајќи им мекост и хидратација.

ROSAL LIP BALM – Дефиниција за нежен бакнеж!

Rosal Lip Balm Magic Pink е достапен во дрогериите и поголемите продавници. Необврзувачка препорачана малопродажна цена е 145 ден.

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Шампањ руса и уште 5 бои на коса кои ќе доминираат во есен 2024 Од впечатливо црвена до прамени во боја на мед - 6 нијанси ќе бидат популарни ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg