Штипка за потенок нос, цветен масажер за лице - Најчудните корејски производи за убавина

Секоја земја си има свој водечки бренд за препаративна и декоративна козметика, како и свои традиции за негување на женската убавина, но се чини дека Јужна Кореја е неколку чекори пред сите останати.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-01.jpg

Корејците имаат океан од козметички производи и задачата наречена одржување на убавината и негата на женското тело си ја имаат сфатено многу сериозно.

Една девојка се нафатила на предизвикот да испроба неколку производи кои се произведуваат само во Јужна Кореја и резултатите се запрепастувачки и смешни:

Штипка за потенок и исправен нос

Упатството на производот вели дека е „За нос 10-15 минути“ и тврди дека ќе им овозможи на корисниците „висок и убав нос“. Парчето розова пластика сепак не се покажало делотворно и го притискало носот прилично агресивно.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-02.jpg

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-03.jpg


Хипо ленти за редукција на целулит

Малото пакетче со слаткото Хипо на сликата било премногу примамливо за да не заврши во ќесата со купени производи. Во него се криела неверојатно мала лента со слаб мирис на еукалиптус, а компанијата била доволно внимателна да вклучи и мало дупче за папокот.

Во упатството било наведено дека лентата треба да дејствува 8-9 часа, па откако внимателно ја наместила, девојката отишла во кревет. По 20 минути почувствувала силно пецкање и неверојатна топлина како од оган. Не можела да издржи и ја извадила лентата. Којзнае, можеби тогаш почнала вистински да делува.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-04.jpg

Свилени топчиња за раце наменети за пилинг на лицето

Овие топчиња треба да се потопат во млака вода пред да се нанесат на прстите и внимателно да се направи пилинг на кожата на лицето. Сепак, искуството не било воопшто „свилено“ туку малку потсетувало на нежна шмиргла.

Но, девојката тврди дека топчињата завршиле добра работа во делот на црнките на и околу носот и оние на брадата, па сепак ќе му даде и втора шанса на производот.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-05.jpg

Цветен масажер за лице

Овој производ заслужил најмногу пофалби. Масажерот за лице во форма на цветчиња би требало да ја зголеми циркулацијата на крвта, а масажата да резултира во пограциозна форма на лицето отстранувајќи го вишокот подбрадок и здрав изглед надополнет со природен сјај.

Веројатно изгледа смешно и глупаво и не нуди ништо повеќе од обична масажа, но барем не е штетен и е прилично забавен производ.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-06.jpg

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-07.jpg

Гел маска за обликување на формата на лицето

Наспрема овалното или квадратното лице, Корејците го префереираат лицата во форма на буквата V, односно срцевидниот облик. 

Овој производ за моделирање на брадата би требало да ги даде очекуваните резултати и да ја издолжи формата на лицето.

Пакетчето содржело дебело парче ткаенина која од едната страна изгледала како газа, а другата страна била неверојатно леплива. Специјалните додатоци овозможиле маската добро да се прицврсти позади ушите и цврсто да се постави во делот на брадата. Резултатите сепак изостанале.

Najcudnite-korejski-proizvodi-za-ubavina-08.jpg

Дали вие би се осмелиле да пробате некој од чудните корејски производи за убавина?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg