4 начини на кои мајонезот може да биде дел од вашата рутина за разубавување
Мајонезот можеби не е најздравото нешто на планетава, но тој е дел од многу домаќинства. Освен тоа, тој може да се користи и за разубавување.
Ако се прашувате како, тогаш ова се 5-те начини на кој мајонезот може да помогне за вашето разубавување:
1. Ја подобрува состојбата на косата
Мајонезот е богат со протеини, а на косата ѝ се потребни протеини за да расте и да изгледа убаво и здраво. Нанесете малку мајонез на косата, исчешлајте и оставете да стои еден час. Мајонезот ќе направи косата да биде мека и убава. Ваквиот третман повторувајте го еднаш неделно.
2. Одличен е за суви заноктици
Нанесете мајонез на рацете, облечете памучни ракавици и оставете ги да стојат најмалку еден час. Мајонезот ќе ги омекне заноктиците и ќе ги зајакне ноктите.
3. Ја смирува изгорената кожа
Доколку ова лето изгорите на жешкото сонце, тогаш нанесете малку мајонез и кожата веднаш ќе се смири.
4. Ја омекнува сувата кожа на стапалата
Никој не сака да има плускавици и сува кожа на стапалата. Мајонезот може да ви помогне во ваквиот проблем. Нанесете го на стапалата, облечете чорапи и оставете ги преку ноќ. Утредента ќе имате убави и меки стапала.
С. С. | Црнобело