Корејска блогерка од своето лице прави оптички илузии
Дејн Јон е уметник од Јужна Кореја, има само 22 години и неверојатен талент - да направи магични, па дури и застрашувачки илузии на своето лице.
Нејзиниот уникатен талент се состои од тоа со употреба на водени бои совршено да ги имитира своите делови од лицето и телото за да креира уникатни ремек-дела.
Бидејќи нема кој не останал занемен од нејзините илузии, студентката од Корејскиот Национален Универзитет за уметности, сега има над 20.000 следбеници на Инстаграм.
Од видеата кои ги снима можете да се уверите дека не употребува Фотошоп:
Туку, само нејзината креативност и талентите за сликање:
Од нејзините фотографии дури може и да ви се сврти во умот - илузиите се неверојатни:
Н. Г. | Црнобело