RED Cat врвна професионална козметика за коса!
Промената и одржувањето на косата е мошне важен процес кај секоја жена која се труди да го задржи својот атрактивен изглед.
За да ја одржите сјајна и здрава вашата коса користете козметички препарати кои не само што ќе ја обојат косата во блескава нијанса, туку ќе го зацврстат коренот и влакното.
Од неодамна во голем дел од фризерските салони низ Македонија достапна е врвна и професионална козметика RED CAT која ги исполнува очекувањата на секоја дама. Станува збор за производи за нега на коса, фарби, шампони и балсами, кои се создадени од професионални технолози и искусни фризери, врз основа на нивните искуства со клиентите. Производите можат да се најдат само во фризерските салони. Производите на RED CAT се со посебна формула заснована на протеин добиен од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.
Од палетата на производи, посебно се истакнуваат фарбите, кои не го оштетуваат влакното на косата, се со “полна боја” и даваат убав и посакуван сјај на косата. производите се дерматолошки тестирани и не содржат сулфати, формалдехиди и парабени. Фризерите препорачуваат да ја освежите вашата фризура со неодолива нијанса за прилагодена цена и квалитет чиј резултат е забележлив по првото користење.
RED CAT e словенечки бренд, кој веќе е присутен на десетина пазари во Eвропа, на чија адреса постојано пристигнуваат пофалби и позитивни коментари од професионалци.
Фризерите препорачуваат да ја освежите вашата фризура со неодолив волумен и сјај за прилагодена цена и квалитет чиј резултат е забележлив по првото користење.